Нашата приказна

Во средината на секоја емоција е кафето, тоа ги обединува чувствата, ги обединува луѓето, ги обединува моментите. Идеале кафето е мешавина на два вида кафе, арабика како кафе со најбогат, најпрефинет вкус и супериорен квалитет и робуста како кафе кое има силен/јак вкус и дава одлична крема/пена.

Еспресото е најсложениот начин на подготовка на кафето кој подразбира поседување соодветна опрема. Еспресо кафето има најбогата арома затоа што станува збор за процес на подготовка при којшто од кафето се ослободува најголема концентрација и количина на хемикалии и арома. ИДЕАЛЕ еспресото е спој на минатото и сегашноста, спој на италијанското и македонското, спој на високо квалитетни сорти кафе. 
Еспресото е мешавина на различни видови Арабика и Робуста зрна кафе во одреден сооднос.
ИДЕАЛЕ е комбинација на внимателно одбрани различни видови кафе кои потекнуваат од плантажите во Бразил, Колумбија, Мексико, Јамајка и Централна Америка, каде секоја сорта дава свој печат. Сé во животот е приказна. А најмногу од приказните се раскажани во друштво на кафето. Но, и самото кафе има своја приказна. Приказната за ИДЕАЛЕ е испреплетена во цвеќето на кафето и самото име ИДЕАЛЕ. Составена од различни доживувања, импресии и емоции, приказната за ИДЕАЛЕ е проткаена со многу љубов, среќа, уживање и страст.